сабота, 16. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Денес е спомен на Светиот маченик Платон: „Вие се наситувате со месо, а јас со свети молитви, вас ве весели виното, а мене Христос, лозата вистинска“

Денес е спомен на Светиот маченик Платон: „Вие се наситувате со месо, а јас со свети молитви, вас ве весели виното, а мене Христос, лозата вистинска“

Православната црква денеска го одбележува споменот на Светиот маченик Платон и на Светите маченици Роман и Варул.

Од градот Анкира Галатиска. Роден и воспитан е како христијанин. Уште во младите години покажуваше големо совршенство во сите добродетели.

Потоа беше фрлен во затвор, каде што помина без храна и вода осумнаесет дена. Кога стражарите се восхитија дека може да живее гладувајќи толку долго, Платон им рече: „Вие се наситувате со месо, а јас со свети молитви, вас ве весели виното, а мене Христос, лозата вистинска“. Најпосле го убија со меч околу 266 година, кога прими венец на маченичка слава.

Светите маченици Роман и Варул

Свети Роман беше ѓакон на Црквата кесариска. Еднаш тој ревносно го проповедаше Евангелието во Антиохија. Па кога беше некој идолски празник и антиохискиот началник Асклипијад сакаше да влезе во незнабожечкиот храм за да принесе жртва, Роман застана пред него и му рече: „Началнику, грешиш кога одиш кај идолите; не се идолите богови туку Христос е единствениот вистински Бог“. Во тој миг Св. Роман виде едно дете по име Варул и му рече на началникот: „И ова дете е поразумно од тебе иако ти си стар; тоа Го знае вистинскиот Бог, а ти не.“ Началникот почна да го испрашува Варул за верата и Варул ја изјави својата вера во Господ Исус Христос како во вистински Бог, наспроти лажните идоли.

Најнови вести

Коронавирус