понеделник, 18. октомври 2021. Вести денес: 5
home Вести

Денес без струја неколку населени места во главниот град

Денес без струја неколку населени места во главниот град

Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиеното известување од ЕВН, ги известува граѓаните дека поради технички зафати во дистрибутивната електро мрежа, без електрична енергија денеска ќе останат:

од 08:00 до 12:00 часот, корисниците од дел од ул. Македонија (делот од Рекорд до ресторан Пелистер)

-од 09:00 до 14:00 часот, корисниците од селата: Побожје и Кучевиште (Општина Чучер Сандево)

-од 12:00 до 15:00 часот, корисниците од ул. Марко Орешковиќ непарни броеви од 59-71, ул. Димо Хаџи Димов непарни броеви од 177 – 181 и ул. Димо Хаџи Димов парни броеви 134 – 152 (Општина Кисела Вода)

Локални избори 2021