среда, 21. октомври 2020. Вести денес: 162
home Вести

Демократскиот Сојуз во Струга со повик до граѓаните: На 5 мај да ја поддржат опцијата која значи враќање на правото и правната држава

Демократскиот Сојуз во Струга со повик до граѓаните: На 5 мај да ја поддржат опцијата која значи враќање на правото и правната држава

Членството на Општинската организација на Демократски Сојуз во Струга објавува декa од денес 03.05.2019 година официјално го прекинува членувањето во партијата и преминува во ВМРО-ДПМНЕ.

-Крајно сме револтирани од непринципиелните политики на раководството и погазувањето на постулатите во кои сме верувале и за кои сме се бореле. Ние како членови сметаме дека господинот Стево Пендаровски ниту има капацитет, ниту има кредибилитет да ја води Република Македонија и преставува продолжеток и претставник на погубите политики на актуелната власт.

Оттука ги повикуваме сите членови, симпатизери и активисти на Демократскиот Сојуз, но и нашите пријатели и истомисленици во недела на 5 мај да ја поддржат опцијата која значи враќање на правото и правната држава. Ги повикуваме да ја поддржат опцијата која значи стоп за криминалот и корупцијата, стоп на непотизмот и непрофесионалноста, стоп на осиромашувањето на народот и расипничкото трошење на народните пари.

Ги повикуваме сите слободомислечки граѓани кои искрено си ја сакаат својата татковина Македонија, да го дадат својот глас за професорката Гордана Силјановска Давкова, затоа што тоа е глас за европска Македонија базирана на врвните европски вредности на ПРАВО, ПРАВДА И ПРАВНА ДРЖАВА, стои во соопштението на Демократскиот Сојуз.

Најнови вести

Коронавирус