понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 134
home Вести

Демократски сојуз: МВР да ги открие напаѓачите на Палевски

Демократски сојуз: МВР да ги открие напаѓачите на Палевски

Демократскиот сојуз го осудува бруталното насилство врз Љупчо Палевски, бизнисмен и претседател на Движењето “Трета”.

-Ги повикуваме службите за безбедност и МВР брзо да ги откријат сторителите и нарачателите на ова кривично дело и да ги изведат пред лицето на правдата. Безбедноста на граѓаните и на учесниците во јавниот и политичкиот живот е од највисок приоритет во едно демократско општество, а државата мора да испрати порака дека насилството не смее да се толерира и да остане неказнето, се наведува во соопштението на партијата.

Од партијата на Палевски му посакуваат брзо оздравување и враќање на секојдневните обврски.

Коронавирус