четврток, 24. јуни 2021. Вести денес: 133
home Вести

Демократски сојуз: Да спречиме Македонија да биде депонија на стари возила

Демократски сојуз: Да спречиме Македонија да биде депонија на стари возила

Демократскиот сојуз смета дека Владата, треба да донесе законски ограничувања со кои ќе спречи Македонија да се претвори во депонија на стари автомобили.

Наместо да се дозволува увоз на автомобили со старост до 10 години, предлагаме да не се дозволува увоз на автомобили постари од 3 (три) години.

Исто така предлагаме товарни возила да не можат да се увезуват постари од пет години, а автобуси постари од две години.

Земјите на Европската унија субвенционират купување на електрични автомобили, се осллободуваат од возила на дизел гориво и веќе ги исклучуваат постарите возила.

Во ваква состојба сосема логично е старите возила со висок степен на загадување да ги продават во посиромашните замји, дефакто ги претварат во депонии на стари возила.

Имаме разбирање за фирмите кои увезуваат стари автомобили, но наместо стари, Државата треба да субвенционира увоз на електрични и нови автомобили, автобуси и товарни возила. На овој начин ќе се придонесе за намалување на загаденоста на воздухот и еко средината.

Инаку увозот на стари возила беше популистичка политика, на штета на здравјето на сите граѓани, посебни на младите.

Најнови вести

ЕУРО 2020

Македонија