сабота, 23. октомври 2021. Вести денес: 92
home Вести

Демировски по бруталното претепување во Струмица: Нов геноцид врз Ромите од страна на Зоран Заев и неговото обезбедување

Демировски по бруталното претепување во Струмица: Нов геноцид врз Ромите од страна на Зоран Заев и неговото обезбедување

„Нов геноцид врз Ромите од страна на Зоран Заев и неговото обезбедување“. Вака денешното брутално претепување на граѓанин во Струмица го опиша Геге Демировски од Народната партија на Ромите.

-Да му дојде до увото на премиерот Заев, еден геноцид поминавме како Роми, но сега не’ чека и вториот. Претепаниот Ром што е од село Баница, струмичко, брутално беше нападнат од 10 мажи од обезбедувањето на премиерот, на чело со Сашко. Силата си ја покажуваат само кон ромскиот народ во Македонија, како полицијата, така почнале и од обезбедувањето на Зоран Заев. Јавно апелирам до МВР, за случајот да одговараат тие 10 мажи, што се прават “мажишта“ врз еден Ром, истакна тој.

Демировски објави дека претепаниот човек е во мошне критична состојба, па му се обрати лично на премиерот Заев:

„Кривична пријава да пуштите до сите 10 мажи. Ова е срамота, ова е брука за Ромите. Си ги упропастил и си ги направил Ромите посиромашни и денес во вашиот град, во центарот на Струмица, вашите бандити на чело со вашето обезбедување Сашко, сакате да ги тепате и уништите Ромите„.

Апелираше до сите политичари Роми да дадат оставка од Владата на Зоран Заев.

Целото негово обраќање, слушнете го во продолжение

Најнови вести

Локални избори 2021