сабота, 24. октомври 2020. Вести денес: 104
home Вести

Демир: Коалицијата на СДСМ ја закопа жива целата ромска заедница, меѓу предложените заменици министри нема ниту еден Ром

Демир: Коалицијата на СДСМ ја закопа жива целата ромска заедница, меѓу предложените заменици министри нема ниту еден Ром

Ерџан Демир, член на ВМРО-ДПМНЕ, преку социјалните мрежи реагира на предлог листата на премиерот Зоран Заев за заменици министри. Според Демир коалицијата “МОЖЕМЕ” официјално ја закопале жива целата ромска заедница, бидејќи на листата меѓу предложените нема ниту еден Ром.

-Во текот на вчерашниот Зоран Заев во архивата на собранието ја достави предлог листата на заменици-министри, многу кратко време потоа истата беше и јавно објавена во некои портали. Првата работа која што мене ми падна во очи е тоа што меѓу предложените кандидати нема ниту еден Ром. Се прашувам каква му е намерата на Заев со ромската зедница. Додека во минатото од 1991 до 2014 во сите избори ромската заедница забележува напредок, а од 2016 до денес имаме големо уназадување. За време предизборната кампања ни се ветуваше едно општество за сите, еднаквост, рамноправност, еднаква застапеност итн а во реалноста сега гледаме сосема различна слика. Јас лично од почетокот никогаш не му верував, не му верувам и сега а и нема да му верувам во иднина, но се поставува и друго прашање, што прават тие ромски претставници кои се дел од СДС и ромските политички партии од коалицијата “МОЖЕМЕ”? Зошто никој од нив не реагира за ситуацијата, или молчат затоа што не биле во можност ништо да договорат поради багажот од минатото. Истите тие тогаш говореа кај што ќе стигнеа дека само СДС им мисли добро на Ромите сигурно кога го кажуваа тоа мислеа на себеси и групата околу нив, сега секако нема нигде да ги видите, а најмалку да реагираат за целата ситуација. Толку од лагата за едно општество за сите, вие господа од СДС и ромските политички партии од коалицијата “МОЖЕМЕ” официјално ја закопавте жива целата ромска заедница, пишува Демир на Фејсбук.

Коронавирус