петок, 25. септември 2020. Вести денес: 176
home Вести

Демир Далип: Охридскиот Рамковен договор не се применува за Египќаните

Демир Далип: Охридскиот Рамковен договор не се применува за Египќаните

Рамковниот договор склучен во Охрид пред 19 години, според припадниците на  етничката заедница Египкани  е со „тесни рамки“ и нив ги става во подредена положба, подложни на дискриминација, институционална неинтеграција и како такви подложни на “тивка административна асимилација“, истакна лидерот на НГИ КОАЛИЦИЈА НА ЕГИПКАНИ, Демир Далип.

Тој потенцира:

-Слободно може да се констатира дека  не сите  ги чувствуваат ефектите од овој договор, кој, според мое мислење,  донесе само привиден мир и спречи ново Босанско сценарио и крвопролевање на овие простори. Но денес Египќаните, Црногорците и Хрватите, кои не се спомнати во Преамбулата на Уставот на РМ дефакто не се дел од споведувањето на Охридскиот договор, што претставува одреден степен на дискриминација и не е во насока на еднаков третман  на граѓанините и спроведување на начелото на ЕДНАКВОСТ И РАМНОПРАВНОСТ како и начелото на СООДВЕТНА И ПРАВИЧНА ЗАСТАПЕНОСТ.

Далип истакна дека Рамковниот договор за нив не се применува.

-Денес, за жал, можеме да констатираме дека нема ниту еден деклариран, а вработен Египканњец/ка според духот, содржината и целта на Охридскиот Рамковен Договор, а да не говориме за раководни фунции, минстри, заменици министри, директори, па ниту раководители. Ваквата состојба е далеку од едно праведно и еднакво општество за сите граѓани, а особено за ранливите етнички заедници, истакна Демир Далип.

Коронавирус