сабота, 6. јуни 2020. Вести денес: 98
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Демант во врска со текстот „Ѓунајдн Жаклина, Мердита Билјана – Поради партиски вработувања, Македонци се пишуваат како Албанци и Турци“

Демант во врска со текстот „Ѓунајдн Жаклина, Мердита Билјана – Поради партиски вработувања, Македонци се пишуваат како Албанци и Турци“

ПРЕДМЕТ: Барање за извинување и јавно повлекување на текст согласно член 13 и 14 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета

На ден 27.12.2019 година во 11:57 часот, на интернет порталот www.kurir.mk, имате објавeно текст со наслов: „Ѓунајдн Жаклина, Мердита Билјана – Поради партиски вработувања, Македонци се пишуваат како Албанци и Турци“, а во рамки на кој се изнесени невистинити информации штетни за мојата чест и углед.

Следствено  на тоа, укажувам дека јавно изнесените наводи во рамки на текстот со наслов: „Ѓунајдн Жаклина, Мердита Билјана – Поради партиски вработувања, Македонци се пишуваат како Албанци и Турци“, дека ја имам променето својата национална определба за да добијам работно место и дека наводно сум станала Турчинка, се апсолутно груби лаги и невистинити информации, кои ги имате изнесено паушално, без докази кои упатуваат на наведеното. Имено, дека едиствената намера Ви е да наштетите на мојата чест и углед, неспорно може да се заклучи од фактот што пред објавување на предметниот текст немате постапено согласно професионалните стандарди на новинарската професија и ме немате контактирано како засегната страна за која пишувате во текстот, а со цел да дадам свој став и изјава во однос на предметното прашање, од причина што така објавеното соопштение во рамки на срочената невистинита содржина креирана од ваша страна, создава погрешна слика во јавноста, која директно штети на мојата чест и углед.

Во насока на тоа, иако ме немате контактирно пред објавување на текстот, ја користам оваа прилика да укажам дека лажното „соопштение“ кое го објавувате е со неточна содржина, нема формирано никаква наменска комисија и јас како прозвана во „соопштението“ не сум пројавила национална определба поинаква од МАКЕДОНКА. Оваа објава е еден ден пред да се објави јавен оглас за предвиденото работно место.

Па оттука, укажувам дека наводите дека ја имам променето националната определба за да го добијам работното место, се во целост невистинити и паушално објавени од ваша страна.

Поради горе наведеното, го доставувам до Вас ова Барање за извинување и јавно повлекување на текстот со горе посочениот наслов, а со кое барам, во рок од 48 часа сметано од денот на приемот на ова писмо, во две последователни изданија како што е објавен текстот, да објавите извинување кон мене  и да го повлечете текстот од интернет порталот www.kurir.mk, а за кои преземени дејствија навремено ќе ме известите. Во спротивно, ќе бидам принудена против Вас да поведам граѓанска постапка за утврдување на одговорност за клевета, согласно одредбите на Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда. Дополнително на тоа, Ви укажувам дека согласно чл. 9 ст. 1 од Законот за граѓанска одговорност за клевета и навреда, Вие ќе имате обврска да ја докажете вистинитоста на сите факти кои ги имате изнесено.

Коронавирус