четврток, 22. август 2019. Вести денес: 109
home Вести

Демант од Водостопанство Брегалница во врска со скандалот кој го откри Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Демант од Водостопанство Брегалница во врска со скандалот кој го откри Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ

Демант на објава на порталот https://kurir.mk/Трипуновски открива  скандал : Директор на СДСМ со закани и навреди до земјоделците (видео) Демантираме дека на ден 02.07.2019 година Директорот на ВОДОСТОПАНСТВО Брегалница Дени Митров од Спанчево во Чешиново-Облешево со намера да направи конфликт и на дрзок и безобразен начин да
ги напаѓа присутните земјоделци со зборовите: „Не ви доаѓа памет! Малку ви е ова! Ги нарече манипулатори и лажговци….

Наведеното е измислено со цел да се направи приказна со која ќе се наруши честа и угледот на директорот на Водостопанство Дени Митров од Спанчево.

Директорот на Водостопанство на ден 02.07.2019 година извршувајќи ги своите обврски отишол во местото викано Чешиновски Јаз во близина на регионалниот пат, во контрола на седумте водари кои вршеле косење и чистење на јазот. На пат кон водарите истиот забележал земјоделци и застанал само да ги поздрави кога наишол на лавина од прашања поврзани со водарите, водата и Водостопанство и во обидот да даде одговор на прашањата истиот бил сниман со телефон на кое нешто изреагирал на начин што го напуштил местото предупредувајќи го лицето Цветан Трифуновски-член на Извршен Комитет на ВМРО дека не е дозволено да го снимаат и дека не е во ред да шират различни лажни дезинформации поврзани со неговото работење и работењето на водостопанство.

Навредливи зборови не се изречени, никаква намера не постоела кај директорот Дени Митров за предизвикување конфликт, ниту предизвикал  конфликт, ниту на дрзок и безобразен начин ги нападнал земјоделците кои факти дополнително и со други правни средства ке бидат докажани. Доказ е и видеото без звук зошто не постои друга причина да се објави видео без звук освен ако нема што да се слушне на него.

Објавата на видео без звук може само да потврди дека директорот на ВОДОСТОПАНСТВО Брегалница Дени Митров не ги изговорил посочените зборови на земјоделците, а со содржината на објавата му е нанесена штета на честа и угледот, Директорот на Водостопанство остро ги осудува и демантира во целост наводите во објавата кои претставуваат обични инсинуации и обиди за манипулирање со јавноста.

Врз основа на погоре наведеното, барам да биде објавен демант објавен на порталот https://kurir.mk/ на 02.07.2019 година. на текстот со наслов Трипуновски открива скандал: Директор на СДС М со закани и навреди до земјоделците (видео),

Во спротиво  ќе следува кривична пријава за клевета.