среда, 17. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Демант од ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на кој што СДСМ објавува лажни вести покажува колку се очајни Заев и Пендаровски

Демант од ВМРО-ДПМНЕ: Начинот на кој што СДСМ објавува лажни вести покажува колку се очајни Заев и Пендаровски

Начинот на кој што СДСМ објавува лажни вести преку електронски медиуми покажува колку се очајни Заев и Пендаровски, ова вечерва преку соопштение до јавноста го истакнуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

-Како што наближува 21 април, така се зголемува паниката кај Заев и Пендаровски. Ги демантираме лагите изнесени во дел од порталите, според кои ВМРО—ДПМНЕ, откажало митинг во Лозово. ВМРО-ДПМНЕ за денес немаше закажано митинг во Лозово. Собирот во Лозово ќе биде одржан на 19 април и на истиот ќе присуствува и претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Очекуваме порталите кои ја објавија лажната вест на СДСМ , истата да ја демантираат. ВМРО-ДПМНЕ ужива голема подршка во Лозово, како и во цела Македонија. Зоран Заев го знае тоа и затоа преку лажни вести сака да ја дезавуира јавноста. Времето на лагите одамна помина. Граѓаните повеќе не веруваат на манупулациите од Бихаќка. На 21 април, Зоран Заев и Стево Пендаровски ќе го добијат одговорот од граѓаните за сите лаги и манипулации изнесени во изминатиот период. Граѓаните знаат дека стигнува правда за Македонија. Татковината повикува, стои во нивниот демант до јавноста.