вторник, 7. јули 2020. Вести денес: 130
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

Демант од Владата

Демант од Владата

Владата на Република Македонија најостро гo демантира текстот во кој со фотографија од друг настан се наведува дека се даваат македонски државјанства на странски државјани, се вели во соопштението од Владата.

Во продолжение интегрално ви го пренесуваме демантот.

Истакнуваме дека станува збор за целосна лага и обид за дезинформирање на јавноста.

Фотографијата објавена на порталите е преземена од одбележувањето на „Меѓународниот ден на мирот“, настан којшто во дворот на Владата го организираше Сојузот на Борци на Република Македонија и на истата НЕ се лица кои чекаат ред за државјанство.

Во однос на постапката за доделување на државјанства, во рамки на владата функционира „Комисија за утврдување на условот владеење со македонскиот јазик за стекнување на државјанство на Република Македонија“. Таа се состанува најмалку еднаш во два месеци и на барање на Министерството за внатрешни работи ги спроведува интервјуата на лицата кои до МВР поднеле барање за македонско државјанство.

Интервјуата се редовна постапка, а денешната седница на погоре споменатата комисија беше закажана пред повеќе од еден месец.

Во Владата денеска беа интервјуирани 30-тина лица со различно етничко потекло (Турци, Бошњаци, Срби, Албанци, како и етнички Македонци родени во странство деца од мешани бракови, граѓани кои претходно се откажале од македонското државјанство и слично).

Интервјуата на Комисија за утврдување на условот владеење со македонскиот јазик за стекнување на државјанство на Република Македонија се само еден од критериумите во постапката и тие не се последната фаза во процесот.

Ваквиот начин на информирање на јавноста е тенденциозно пренесување на информациите и целосно во спротивност со етиката на професионалното новинарство.

Парламентарни избори 2020