четврток, 21. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Демант од Влада

Демант од Влада

Владата на Република Северна Македонија најостро го демантира како лажна вест текстот на вашиот портал насловен: „Заев: Се преговара за придавката „македонски“ – Да нема македонска историја, туку историја на Северна Македонија“.

Груба манипулација е содржината изнесена во текстот, во која подвлекувате дека „Премиерот Зоран Заев во своето гостување за Радио 77 призна дека со Бугарија се преговара за придавката македонски и дека бугарската страна инсистира таа да не се користи како во примерот, македонска историја, туку дека секаде треба да пишува историја на Република Северна Македонија“.

Тоа што премиерот Заев ја информира јавноста за некои од бугарските позиции никако не значи дека се преговара за придавката „македонски“. Напротив, премиерот експлицитно кажа дека не се преговара за македонски идентитет, не се преговара за македонски народ, не се преговара за македонски јазик.

Бараме демантот да биде објавен во целост, а текстот за којшто се однесува, да биде повлечен.

Демант од Владата

Коронавирус