понеделник, 26. октомври 2020. Вести денес: 114
home Вести

Демант од ТАВ, нема да бидат отпуштени 400 вработени

Демант од ТАВ, нема да бидат отпуштени 400 вработени

Компанијата ТАВ не отпушта вработени и бројката од 400 вработени е апсолутно неточна. Нема никаква логика, бидејќи функционирањето на нашите аеродромски операции не би било возможно со толкаво намалување на бројот на луѓе, се истакнува во демнатот на операторот со скопскиот аеродром.

„Како резултат на кризата предизвикана од ковид-19, која сериозно ја погоди авијацијата во глобални рамки, по повторното отворање на аеродромите нашите операции се намалени, следствено и нашите приходи се намалени исто така, додека трошоците останаа исти. Поради ова, работиме да го балансираме континуитетот на бизнисот и вработувањата“, се наведува во дописот на ТАВ.

Претходно од ТАВ и во самиот прилог на телевизија Алфа беа негирани информациите дека отказите се процесуираат веднаш откако заврши рокот до кој не смееше да има отпуштања во фирмите кои зеле државна помош поради коронакризата.

Коронавирус