петок, 30. септември 2022. Вести денес: 0
home Вести

Демант од Министерството за одбрана

Демант од Министерството за одбрана

Најостро демантираме дека министерката за одбрана Радмила Шекеринска потпишала измена и дополнување во Планот за јавни набавки со цел 187 илјади евра од буџетот на Министерството за одбрана да се пренаменат за набавка на луксузно возило во кое наводно ќе се вози министерката, се вели во демантот од Министерството за одбрана.

-Вистината е дека Министерството за одбрана во 2017 година доби донација од Република Чешка  за набавка на патнички моторни возила за Службата за воена безбедност и разузнавање. Сумата која се споменува во текстовите е наменета за набавка не на едно, туку на 11 возила. Набавката нема да потроши ниту еден денар од буџетот на Република Македонија. Службата за воена безбедност и разузнавање нема вршено набавки на возила од 2002 година, стои во демантот.

Владата на Република Македонија и Министерството за одбрана парите на граѓаните ги насочуваат на сите вистински потреби, и дополнително обезбедуваат финансиска поддршка од други држави за подобрување на условите за работа на воената служба и тоа со средства од донација.

-Сакаме да нагласиме и дека после 10 години занемарување на АРМ и на војниците, оваа година Владата обезбеди пари за униформи и тоа може да се види во истиот план за јавни набавки. Исто така, оваа Влада обезбеди сите припадници на АРМ да добијат 10 проценти повисоки плати по повеќегодишно занемарување на армијата, стои во демантот.

Најнови вести

Коронавирус