четврток, 29. јули 2021. Вести денес: 65
Во живо

Прес-конференција на Христијан Мицкоски

home Вести

Демант од Министерство за здравство

Демант од Министерство за здравство

Демант од Министерството за здравство кој интегрално во целост ви го пренесуваме.

Министерството за здравство ги отфрла и ги демантира лагите и клеветите пласирани во насловот и текстот „На непотизмот нема крај, сопруга на Филипче го советува Венко за народни пари“ објавен на порталот Курир.

Лажна вест е, дека д-р Ана Филипче, сопруга на министерот за здравство д-р Венко Филипче, во 2018 година како член на советодавно тело, земала хонорар од Министерството за здравство. Курир во текстот освен лаги, шири и клевети дека, на членовите во советодавното тело во кое членувала и д-р Ана Филипче биле исплаќани хонорари. Министерството за здравство тврди дека сите лекари и вработени во МЗ, кои биле членови на тоа тело, кое веќе не постои, никогаш не замале хонорари.
Министерството за здравство бара од Курир да ја повлече лажната вест и да се извини за пласираните лаги и клевети кон министерот за здравство д-р Веко Филипче. Курир свесно во текстот ја лаже јавноста, кршејќи го основното новинарско правило, односно во текстот ја нема втората страна, во случајот МЗ или министерот за здравство. Курир со овие пласирани лаги има за цел да го наруши угледот на министерот за здравство д-р Венко Филипче и на Министерството за здравство.
Министерството за здравство бара јавно извинување за наводите изнесени во насловот на објавениот текст, како и целосно објавување на овој демант во иста форма и време каде е објавен текстот.

Во член 3 од новинарскиот кодекс, а во врска со правото на објавување демант, согласно став 7 стои дека одговорите не треба да бидат проследени со полемичен редакциски коментар, па оттаму бараме нашиот одговор да биде објавен во целост, онака како што е напишан.

Коронавирус