петок, 30. септември 2022. Вести денес: 72
Во живо

„Промените се случуваат, секогаш со народот“: Мицкоски во посета на општина Јегуновце

home Вести

Демант од Филип Медарски: Никогаш немам склучено било каков договор за адвокатски услуги со Телеком

Демант од Филип Медарски: Никогаш немам склучено било каков договор за адвокатски услуги со Телеком

Во текстот „Уште една внoсна зделка, адвокатот на Заев, Медарски, станал адвокат на Телеком?“, изнесувате невистинити тврдења штетни за мене, а со цел во јавноста да ми го нарушите угледот, се вели во демантот на адвокатот Филип Медарски испратен до нашата редакција.

Во продожение го објавуваме демантот во целост:

Согласно член 14 став2 од Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета должни сте да го објавите следниот ДЕМАНТ:

„Јас, Адвокат Филип Медарски од Скопје реагирам на насловот „Уште една вносна зделка, адвокатот на Заев, Медарски, станал адвокат на Телеком?“ и на објавениот текст под овој наслов и ги деманитрам невистинитите тврдења изнесени во текстот на интернет порталот www.kurir.mk, со укажување дека никогаш немам склучено било каков Договор за адвокатски услуги со Телеком, ниту пак оваа фирма сум ја застапувал или во моментов ја застапувам. Меѓу другото, не се вистинити и изнесените факти дека мојата мајка Јелица Медарска е обвинител во Вишото јавно обвинителство, како и дека мојата сестра Ана Медарска работи на прием на тужби против Република Македонија во Европскиот суд за човекови права“.

Јавно го повлегуваме текстот за кој реагира Филип Медарски и воедно јавно му се извинуваме.

Коронавирус