сабота, 20. јули 2019. Вести денес: 0
home Вести

Демант од Драги Рашковски

Демант од Драги Рашковски

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски до редакцијата на КУРИР испрати демант кој го објавуваме во целост.

Се обраќаме до Вас со Барање за Јавно Извинување на објавен текст на ден 28.06.2019 година со наслов , Рашковски и Заев носеле заклучоци, менувале тендери за да “лапнат” 7 милиони евра,,, каде во насловот и целиот текст а особено со зборовите ,, Рашковски и Заев носеле заклучоци, менувале тендери за да “лапнат” 7 милиони евра,,, , зборовите ,, Власта прекршила правила и процедури… Претседателот на Владата Зоран Заев и неговиот генерален секретар Драги Рашковски носеле заклучоци, менувале тендери за да си инкасираат дури 7 милиони евра.,, ,и зборовите ,,Во објавениот аудио разговор и интегрален транскрипт, меѓудругото, има потврда за неколку прекршување на законот, расистички испади но и дискриминација на цели европски нации од страна на Рашкоски. ,, се изнесени невистинити информации кои содржат клевета и навреда, и повредуваат мојот углед.

Следствено на наведеното, а во врска на ублажување на штетата, по приемот на ова барање очекуваме во рокот определен со законот да излезете со соодветна изјава за извинување или јавно повлекување на текстот кои содржат клевета,навреда и повредуваат угледот на Драги Рашковски, како и истовремено да го тргнете предметниот текст од вашиот портал со наслов ,, Рашковски и Заев носеле заклучоци, менувале тендери за да “лапнат” 7 милиони евра.

Скопје, Драги Рашковски
04.07.2019 година