сабота, 24. август 2019. Вести денес: 60
home Вести

Демант на Министерството за здравство

Демант на Министерството за здравство

Министерството за здравство, најостро реагира до редакцијата на „Курир“ за текстот „Епидемијата на морбили не стивнува, се затвораат одделенија по болници, а Филипче на продолжен викенд“, објавен на 25 мај 2019 година.

Нивниот демант го пренесуваме во целост: 

Сите наводи во текстот се невистинити.

Неточна е информацијата дека заменик министерот Асим Муса соопштил дека хируршкото одделение е затворено поради заболување на 50 отсто од медицинскиот персонал од морбили. Заменик министерот Муса во својата изјава пред Општата болница во Струга изјави дека од 56 здравствени работници кои се вработени во ова одделение, 9 се заболени од морбили (мали сипаници). Тој ја демантираше бројката од 50% и истакна дека 16% од здравствените работници се заболени.

Неточна е информацијата и дека епидемијата е раширена поради вина на самата неефикасност на министерството. Вистината е дека епидемијата е резултат на падот на колективниот имунитет, поради катастрофалните политики на претходната Влада во изминатите години и негрижата за здравјето на граѓаните.

Исто така, неточна е информацијата дека министерот Филипче оди на продолжен викенд или одмор, кога има проблем. Од рано утринава почнати се подготовките за да се испрати на лекување во странство пациентот кој вчера се здоби со изгореници од струен удар. Вчера, министерот Филипче, беше во Подгорица, во рамки на официјалната посета и заедничка седница на Владата на Република Северна Македонија и Владата на Црна Гора, каде со црногорскиот министер за здравство Ќенан Храповиќ потпишаа Меморандум за разбирање во областа на здравството и медицинските науки.

Министерството за здравство, Ви стои на располагање и отворено е за какво било појаснување или одговор во секое време, пред да се пласираат неточни информации во јавноста, кои внесуваат забуна, паника и се на штета на пациентите.