петок, 18. септември 2020. Вести денес: 83
home Вести

Демант на Цветанка Иванова

Демант на Цветанка Иванова

Генералниот секретар на Собранието, Цветанка Иванова испрати демант до нашата редакција за текст со наслов „Инфомакс открива скандал во Општина Аеродорм: Фирма во сопственост на пратеничка на СДСМ ослободена од комунални давачки“.

Нејзиниот демант го пренесуваме во продолжение:

Во интерес на вистината, а со единствена цел македонската јавност да биде вистинито и навремено информирана, должна сум да реагирам на текстот со наслов „Инфомакс открива скандал во Општина Аеродром: Фирма во сопственост на пратеничка на СДСМ ослободена од комунални давачки“, што е објавен денеска (02.01.2020 година) на вашиот портал Курир.мк, а е преземен од порталот Инфомакс.мк.

Со жалење морам да констатирам дека овој текст, во кој не се испочитувани ниту елементарните новинарски стандарди, е полн со лажни вести, неточни информации и податоци, а со единствена цел да се наштети мојот углед и чест.

Оттука, најостро ги демантирам сите тврдења во текстот кои се целосно невистинити, тенденциозни и со единствена намера да пласираат лажни вести во медиумскиот простор на државата.

Во текстот, кој формално нема автор, наведена е целосно лажна и неточна информација дека членови на моето семејство се поврзани со фирмата „Клико градба“. Ниту еден член од моето семејство не е сопственик на оваа фирма, податок што, за жал, авторот на овој текст ниту пак одговорните лица од порталот Информакс.мк  не почуствувале потреба да го проверат.

Коронавирус