петок, 4. декември 2020. Вести денес: 32
home Вести

Демант: „Цркнал конечно“ е лажен и монтиран коментар кој не е напишан од Фуркан Фета на кого му е нанесена штета на честа и угледот

Демант: „Цркнал конечно“ е лажен и монтиран коментар кој не е напишан од Фуркан Фета на кого му е нанесена штета на честа и угледот

На ден 29.11.2018 година на интернет страницата на Вашиот портал, www.kurir.mk, објавен е текст со наслов:

СРАМНО: Советникот во Собранието, Фуркан Фета, среќен за смртта на академик Блаже Ристовски!

Во претходно наведениот текст, помегу другото, е следното, цитираме:

„Лицето Фуркан Фета, вработен како советник во Собранието на Република Македонија, според објавата на социјалните мрежи е еден од оние кои не можеа да ја сокријат личната среќа од смртта на академик Блаже Ристовски, објави Лидер.

Тој во реакција на веста за смртта на академикот напишал „Цркнал конечно”

Со тоа, Фега ги прекршил и моралните кодекси, но и кодексот за однесување во јавноста на вработените во администрацијата. Ова особено важи за Законодавниот дом чие раководство мора да покрене процедура за утврдување на прекршување на правилата на однесување и за говор на омраза на социјалните мрежи. За говор на омраза по допрен глас може да реагира и Јавното обвинителство, објави Лидер

Во погоре наведениот извадок од текстот кој го имате објавено на Вашиот интернет портал, се наведени факти кои се целосно невистинити, и истите не кореспондираат во целост со реалната и вистинита фактичка состојба односно станува збор за коментар за кој тврдиме дека е лажен и монтиран и дека не е напишан од личниот профил на оштетениот имено станува збор за лажен профил со украден идентитет на оштетениот. Таквото Ваше пишување и јавно изнесување на факти е целосно спротивно со новинарската етика, со што на оштетениот и подносител на ова барање за извинување му е нанесена штета на честа и угледот.

Имено оштетениот не го има напишано коментарот од својот личен профил на ФБ и истиот е напишан од лажен профил со украден идентитет на оштетениот. Истото не е точно и вистинската фактичка состојба е во целост во спротивност со невистините кои ги имате објавено во Вашиот текст на Вашиот интернет портал на ден 29.11.2018.

Од погоре наведеното, Вие преку Вашиот интернет портал со написот објавен на 29.11.2018 година, Вие сте можеле да знаете и сте биле должни да знаете дека фактите кои сте ги објавиле во предметниот напис, се невистинити и не се во корелација односно не кореспондираат со релната фактичка состојба. И покрај тоа истите јавно сте ги објавиле во текстот на Вашиот интернет портал, со што сте нанеле штета на честа и угледот на оштетениот со што е сторена навреда согласно одредбите од член 6 и клевета согласно одредбите од член 8 од Законот за  одговорност за навреда и клевета.

Согласно одредбите од член 13 од Законот за  одговорност за навреда и клевета, го поднесуваме ова Барање до Вас, Барање за извинување и јавно повлекување на невистинитите наводи цитирани погоре во ова Барање во исто време и во ист обем, во рок од 48 часа од денот на прием на ова писмено барање за извинување.

Доколку Вие не постапите согласно законот, а по ова наше Барање за извинување, оштетениот Ке биде приморан да заштитата на своите со закон загарантирани права, ја остварува пред стварно и месно надлежниот суд во соодветна судска постапка.

Коронавирус