петок, 22. јуни 2018. Вести денес: 17
home Вести

Делови од Скопје повторно под вода по невремето, граѓаните револтирани од градските власти (ФОТО+ВИДЕО)

Делови од Скопје повторно под вода по невремето, граѓаните револтирани од градските власти (ФОТО+ВИДЕО)

По краткото невреме кое го зафати Скопје попладнево делови од градот повторно се полавија.

На социјалните мрежи се појавија фотографии и видеа од скопските булевари и улици каде надојдената вода предизвика проблеми во сообраќајот, а најмногу за пешаците.

Фотографиите кои пристигнаа до нашата редакција се од делови на Кисела Вода, Партизанска и улицата „Јордан Мијалков во центарот на Скопје.“

Инаку викендов Скопје исто така беше зафатено од големо невреме, а градските власти и градоначалникот не преземаат никакви мерки иако двете невремиња беа најавувани со денови.