вторник, 25. јуни 2019. Вести денес: 32
home Вести

Деловен појадок на бизнис заедницата со премиерот

Деловен појадок на бизнис заедницата со премиерот

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК), денеска го организира традиционалниот Деловен појадок со претседателот на Владата.

На  свечениот настан, во присуство на деловната заедница, ресорните министри, дипломатскиот кор, официјални обраќања ќе имаатпремиерот Зоран Заев и претседателката на ССК Данела Арсовска.

На настанот, како што најавуваат, ќе се дискутира за најзначајните економски прашања во функција на подобрување на секојдневното работење на компаниите и деловната клима во земјата. За таа цел, Сојузот подготви пакет од над 80 економски мерки од областа на измена на законска регулатива,  административни бариери и парафискални давачки, дигитализација и икт сектор, надворешна и внатрешна трговија, индустрија и градежништвото.

Секоја од предложените мерки е утврдена согласно истакнати реални предизвици со кои се соочуваат компаниите, а врз основа на соодветна анализа, позитивни деловни практики и компаративни искуства во соодветната област.