сабота, 7. декември 2019. Вести денес: 0
home Вести

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски ја продолжува меѓународната активност, најавени повеќе средби

Делегација на ВМРО-ДПМНЕ предводена од Мицкоски ја продолжува меѓународната активност, најавени повеќе средби

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ  Христијан Мицкоски денес заедно со потпретседателот Александар Николоски, членот на Извршниот Комитет Владимир Ѓорчев и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ја продолжуваат својата меѓународна активност присуствувајќи на Конгресот на Германската владејачка сестринска партија ЦДУ кој се одржува во Лајпциг.

-Ќе бидат остварени и повеќе билатерални средби како што е со Јохан Вадефул – Координатор на Пратеничка Група на ЦДУ/ЦСУ; Торстен Фреи, Заменик Координатор на Пратеничка Група, Петер Бејер, Пратеник на ЦДУ и член на Комисија за надворешна политика, соопштуваат од ВМРО-ДПМНЕ.

Инаку на Конгресот на ЦДУ ќе се расправа за утврдување на политички постулати за следниот период на дејствување. Ќе се отвораат теми поврзани со економски и социјални политики во Германија, дејствувањето на Германија во ЕУ како и стратешки надворешно политиќки приоритети.