четврток, 22. октомври 2020. Вести денес: 141
home Вести

Делегација на Венецијанската комисија на средби со сите пратеници за Законот за јазиците

Делегација на Венецијанската комисија на средби со сите пратеници за Законот за јазиците

Делегација на Венецијанската комисија денеска ќе престојува во земјава, каде ќе се сретне со членови на пратенички групи и пратеници од помали етнички заедници во врска со побараното мислење од Комисијата за Законот за употреба на јазиците.

Претставници на Делегацијата на Венецијанската комисија ќе имаат средби со пратеници од пратеничките групи на ДУИ, на СДСМ, на ВМРО-ДПМНЕ и од независната пратеничка група од ВМРО-ДПМНЕ.

Тие ќе имаат заедничка средба со пратеници на политички партии од помалите етнички заедници, како и заедничка средба со пратеници од Алтернатива, Коалицијата „Алијанса за Албанците“ и Движење БЕСА.

Коронавирус