вторник, 19. јануари 2021. Вести денес: 0
home Вести

Делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Лука Кржалоски на заседавање на Советот на YEPP

Делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Лука Кржалоски на заседавање на Советот на YEPP

 

Делегација на УМС на ВМРО-ДПМНЕ, предводена од претседателот Лука Кржалоски, заедно со меѓународниот секретар на Унијата Владимир Бошњаковски и членот на ИК Владимир Ристов присуствуваа на седницата на Советот на YEPP односно политичкиот подмладок на Европската Народна Партија.

Покрај делегацијата на УМС, на Советот, присуствуваа и над 100 други делегати од различни држави од целиот европски континент. На овој Совет се разговараше за вршење на одредени статутарни промени во основните документи на организацијата, како и за потенцијални амандмани на програмата на YEPP во очи на парламентарните избори за парламентот на ЕУ. При тие дискусии делегатите на УМС силно се залагаа, проширувањето на ЕУ да игра попроминентна улога во програмата. На границите на Советот исто така се водеа преговори, во рамки на регионалниот блок во кој УМС припаѓа, а во однос на заеднички и координиран настап на претстојниот Конгрес на YEPP, кој се одржува во ноември. Тогаш имено ќе се избира нов претседател и ново раководство на организацијата. УМС ќе заземе позиција при изборот на новото раководство на YEPP во согласност со своите стратешки интереси, во соработка со своите најблиски партнери, како и врз основа на своите фундаментални принципи.

Во неформалниот дел, делегатите од УМС ја промовираа Република Македонија, ги објаснуваа надворешните и внатрешните предизвици на земјата, како и на тие од целиот балкански регион.

Најнови вести

Коронавирус