вторник, 23. октомври 2018. Вести денес: 104
home Вести

Делегација на чешкиот Сенат во посета на Македонија

Делегација на чешкиот Сенат во посета на Македонија

Делегација од Сенатот на Чешката Република, предводена од потпретседателот Јири Шестак денеска е во официјална посета на Република Македонија. 

Шестак предвидено е да се сретне со потпретседателка на Собранието на Република Македонија Фросина Ташевска-Ременски, со претседателот на собраниската Комисија за одбрана и безбедност на Хари Локвенец и со претседателот на собраниската Комисија за европски прашања Артан Груби.

Во рамки на посетата, како што соопшти собраниската прес-служба, Шестак ќе се сретне и со претседателот на комисијата за надворешна политика на Собранието на Република Македонија Антонијо Милошоски.