недела, 22. јули 2018. Вести денес: 60
home Вести

Делегација на АРМ во посета на вооружените сили на Албанија

Делегација на АРМ во посета на вооружените сили на Албанија

Воена делегација на АРМ предводена од началникот на Генералштабот, генерал-потполковник Методија Величковски, од денеска до четврток ќе престојува во официјална посета на вооружените сили на Албанија.

Во текот на утрешниот ден, генерал Величковски ќе оствари средба со началникот на Генералштабот на албанските вооружени сили бригаден генерал Бардил Колчаку и со заменик-министерот за одбрана Петро Кочи.

Македонската воена делегација ќе ја посети и командата на поморските сили во Драч, каде генералот Величковски ќе има средба со командантот на поморските сили, генерал мајор Илбер Доѓани. (МИА)