среда, 25. ноември 2020. Вести денес: 40
home Вести

Делегации на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе присуствуваат на одбележувањето на Илинден во Скопје, Ташмаруништа, Крушево и Пелинце

Делегации на ВМРО-ДПМНЕ утре ќе присуствуваат на одбележувањето на Илинден во Скопје, Ташмаруништа, Крушево и Пелинце

Партиски делегации на ВМРО-ДПМНЕ ќе присуствуваат на неколку локации каде што ќе положат свежо цвеќе и ќе присуствуваат на прославата на 2-ри август, информираше денес портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ.

Во струшко Ташмаруништа ќе присуствува претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со делегација, додека во Крушево на Мечкин Камен ќе биде партиската делегација која ќе ја предводи генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Јанушев.

Членот на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Игор Божиновски со партиска делегација ќе присуствува воПелинце, а во Скопје со партиска делегација ќе присуствува членот на Извршен Комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Дејан Јовановски.

Коронавирус