вторник, 26. јануари 2021. Вести денес: 22
home Вести

Делчевско „востание“ против Зоран Заев: Каде е пазарџијата Заев, Делчевци го бараат?! (ВИДЕО)

Делчевско „востание“ против Зоран Заев: Каде е пазарџијата Заев, Делчевци го бараат?! (ВИДЕО)

Револтот на делчевчани против актуелната власт предводена од Зоран Заев кулминираше вечерва во градот кој го носи името на Македонскиот револуционер и идеолог Гоце Делчев. Граѓани на Делчево во голем број вечерва се придружија на протестот со автомобили организиран од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Делчево, пишува порталот Брегалнички.

Вакви сцени речиси никогаш да не се забележани во Делчево на огромен револт и заеднички протест од ваков вид против една власт.

Од општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ на социјалните мрежи пренесоа кратка порака во која се вели дека овој свиреж кој што може да се слушне во видеото во прилог симболично го претставува писокот на сите зацрнети семејства, сите прогонети, уценети и притиснати делчевчани.

Во продолжение го пренесуваме видеото кое е приказ на атмосферата која владееше вечерва по улиците во Делчево:

“Зоране Заев овие свирежи се писокот на сите семејства кои ги зацрни со твоето владеење…Ова е писокот на сите прогонети, уценети, притиснати делчевчани чиј што живот го направи пекол во изминатите 4 години. Ова е гласот на сите измамени делчевчани чиј идентитет го стави на пазарџиска тезга. Ова е Делчево, градот на Македонскиот син Гоце ДелчевОСТАВКА ЗОРАНЕ ЗАЕВ, СЛОБОДА НА НАРОДОТ!”

Од Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ од Општинскиот комитет во Делчево прашаа:

Каде е пазаџијата Заев, делчевчани го бараат!

Извор: Брегалнички.мк

Коронавирус