четврток, 15. април 2021. Вести денес: 164
home Вести

Дел од големите национални медиуми ја цензурираат аферата „Мафија“, а стигнаа до дереџе да го цитираат Пекер

Дел од големите национални медиуми ја цензурираат аферата „Мафија“, а стигнаа до дереџе да го цитираат Пекер

Молк од страна на дел од големите национални медиуми за аферата „Мафија“ според која МВР со знаење на премиерот издавала пасоши на сомнителни ликови од балканското подземје.

Од една страна владините медиуми целосно го цензурираат огромниот скандал кој го обелодени ВМРО-ДПМНЕ, односно лидерот на партијата Христијан Мицкоски, од друга страна стигнаа до дереџе да цитираат еден од главните ликови во аферата, контроверзниот бизнисмен од Турција Седат Пекер на кого МВР му издало македонска лична карта со украден идентитет на лицето Џадин Амедовски.

Инаку, турскиот нарко бос Седат Пекер во Македонија имал редовни средби со лица од власта. Тој во нашата држава живееше со лажен идентитет и име Џадим Адемовски. При својот престој тука, остварил средби со пратеникот од владејачкото мнозинство и коалиционен партнер на СДСМ, Енес Ибрахим, како и со бизнисменот Сефер Цаноски, чиј татко е исто така во коалиција со Заев. Се среќавал и со градоначалници од власта.

Премиерот Зоран Заев кој денска призна дека Пекер имал македонска лична карта, не одговори на прашањето, дали можеби и тој имал средба со турскиот нарко бос. Потврди дека знаел за средби на неговите коалициони партнери со Пекер, но кажа дека за тоа не сме можеле да ги обвинуваме.

-Јас сум запознаен дури и кој од колегите од партнерите партии имале средба на негово барање, низ чаршијата, на други места. Апсолутно не може да каже никој дека некој има вина поради тоа, заради тоа што нормално кога некој ќе побара средба, некој да ја закаже средбата. Но, како што гледате институциите работат и го испорачаа резултат, изјави Заев.

Додека опозицијата директно обвинува дека лица од врвот на власта се поврзани со Пекер, споменувајќи ги имињата на Заев и Спасовски, премиерот го фали министерот за внатрешни работи. Вели одлично ја завршил акцијата, иако во моментов се осомничени само 10 лица вработени како обични полициски службеници во МВР, но не и некоја поголема фигура.

Дека, владините медиуми молчат за аферата „Мафија“, коментираше и актерот Сашо Тасевски.

-Излегува вчера Николовски од ВМРО и пред куп новинари покажува докази дека оваа власт делела гратис пасоши на балкански нарко дилери поврзани со колумбиски картели, егзекуции, киднапирања, изнуди… Ги покажува доказите за издадените пасоши и се обраќа на новинариве: Има прашања?
Имаше само едно.
Еј на ваков скандал, само едно прашање. Наместо да го бомбардираат со прашања не само него…
А бе треба на чергиче пред врата да му спијат на Заев дома. На тој Обиџуко треба у врат да му дишат. Не смеат да ги пуштат да претнат по оваа глупост.
Што мајка барале на челниците на најкрволочните и најмоќни европски нарко кланови како што се кавачкиот и шкаљарскиот клан, албанскиот, да им даваат македонски пасоши со кои некои подоцна биле фатени низ светов како извршители на убиства.
Капа доле за оние новинарии кои ја копаат приказнава, но молчењето на повеќето за ова, блиски на Заев е шокантно.
Ќутат еј! Немаат прашања, не сакаат одговори.
Вчера сретнувам типче од една балканска амбасада кај нас, членка на ЕУ, го знам од 2017, шпиунче некое изгледа, ама ни оди муабетот, особено кога му кажувам државни тајни и ми вика за скандалов со пасошиве:
Ова што го прават вашиве власти ми личи како намерно да ја пломбираат вратата пред ЕУ!
Не може да се толку глупави! ( They can not be so stupid)… Ова се негови зборови.
А бе и појше се глупи! – му викам.
Не бе, не можев да го убедам. Едноставно не верува. А може е во право. Шпиунче сестру му… Може знае појше, пишува Тасевски.

Коронавирус