вторник, 20. октомври 2020. Вести денес: 103
Во живо

ВМРО-ДПМНЕ протестира со возила против ненародната власт предводена од СДСМ

home Вести

Дејвид Гир нов евроамбасадор во земјава

Дејвид Гир нов евроамбасадор во земјава

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, денеска имаше средба со новоименуваниот амбасадор и шеф на Делегацијата на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир, кој ги предаде копиите од акредитивните писма за неговото именување.

„Доаѓате во исклучително важен момент за нашата држава во однос на нашиот ЕУ пат. По историската одлука во март за почеток на преговорите, веруваме и очекуваме дека земјите членки во рамки на Германското претседателство со Советот на ЕУ наскоро ќе ја договорат преговарачката рамка и до крајот на годината ќе ја одржиме Првата меѓувладина конференција која ќе го означи конкретниот почеток на преговарачкиот процес. Се потпираме на Вашето искуство и на Вашата искрена поддршка на овој пат, што ќе претставува историски заеднички успех уште на самиот почеток од Вашиот мандат”, порача Османи.

 

Коронавирус