понеделник, 26. септември 2022. Вести денес: 131
home Вести

Дефект на трафостаница остави без струја и вода делови од Скопје

Дефект на трафостаница остави без струја и вода делови од Скопје

Екипите на ЕВН Македонија почнаа со приклучување на дистрибутивната мрежа на дел од корисниците во Скопје кои останаа без струја денеска попладне поради испадот на извод од 110-киловолтната трафостаница „Васил Главинов“.

Паралелно се работи на отстранување на дефектот, кој во населбите Бутел, Радишани, Шуто Оризари и Визбегово воедно предизвика прекин во водоснабдувањето затоа што не може да функционира машинскиот дел од пумпените станици.

Од ЕВН Македонија за МИА изјавија дека изводот кој бил опожарен зафатил и дел од соседната електроенерегетска опрема. Од безбедносни причини, појаснуваат од ЕВН Македонија, целата трафостаница беше исклучена од напојување со што и корисниците од населбите Топанско Поле, Бутел, Чаир, Радишани, Васил Главинов – индустриска зона и другите населени места што се напојуваат од таа трафостаница беа без напојување со електрична енергија.

– Откако се изврши комплетен преглед на оштетеноста, откако се виде дека може безбедно да се приклучуваат корисниците дел по дел се приклучуваат на дистрибутивната мрежа, а паралелно ќе се санира и дефектот кој е настанат. Екипите ќе работат цело време се додека корисниците не добијат напојување, изјавија од ЕВН Македонија.

Како што посоочуваат од ЈП „Водовод и канализација“, поради прекинот во снабдувањето со струја не може да функционира машинскиот дел од пумпените станици во тој реон.

Коронавирус