Коронавирусот зема уште две жртви од Македонија.
Во ГОБ „8 септември“ почина пациент од Куманово на возраст од 94 години. Пациентот бил хоспитализиран на 28 април.
Денеска институтот регистрира и пациентка од Струга на возраст од 69, која починала на 29-ти април на пат кон болницата во Охрид.
Од страна на ЦЈЗ Охрид е земен постпортем брис кој покажал присуство на вирусот.