петок, 27. ноември 2020. Вести денес: 0
home Вести

Децата слушаат недослушуваат предавања поради прекин на интернетот, родители пишуваат домашни, Царовска сака да оценува

Децата слушаат недослушуваат предавања поради прекин на интернетот, родители пишуваат домашни, Царовска сака да оценува

Иако Владата и министерката за образование и наука, Мила Царовска најавија ефикасен образовен процес, сепак тоа не се покажа на дело. Голем број на родители се жалат на многуте недостатоци во целиот овој процес. Последната реакција од родители е поврзана со оценувањето на нивните деца. Тие велат како може министерството за образование и наука и Бирото за развој на образованието да излезе со соопштение за оценување кога учебната година започна еден месец подоцна од вообичаеното, потоа над 40.000 деца се без ИТ уреди, платформата за онлајн беше со многу проблеми и уште други недостатоци.

-Моето дете е петто одделение. Вчера го видов соопштението од МОН И БРО каде соопштуваат како ќе се врши оценувањето на учениците. Како може да излезат со такво соопштение кога учебната година започна од октомври, а платформата за онлајн настава беше со многу недостатоци. Домашните задачи кои ги добива моето дете не ги добиваат наставниците зошто немаме начин како да ги испратиме, вели родител.

Друг родител исто така со низа на забелешки ни посочи дека не може во ноември месец да се формира оценка, кога претходните години кога учебната година почнуваше на први септември, првичната оценка се формираше по следење на наставата од три месеци.

-Нашите децата одат во училиште неполн месец и за неполн месец не може да се формира оценка и да се врши оценување. Според претходните години првата оценка се формираше кон крајот на ноември, но година почнуваше на 1-ви септември, кажа друг родител.

Во соопштението на МОН и БРО јасно се гледа дека првите сумарни оценки треба да бидат изведени до 20 ноември.

-Со оглед на тоа што наставата оваа учебна година започна на 1 октомври, препораката на Бирото за развој на образованието и Државниот просветен инспекторат е првите сумарни оценки за секој ученик да бидат изведени до 20 ноември. МОН и БРО апелираат до наставниците да го прилагодат оценувањето на учениците согласно учењето на далечина. Потребно е да се постават јасни насоки во врска со очекуваните резултати од учењето и начинот на следење, контролирање и вреднување на постигнувањата на учениците во овој период. Во рамки на формирањето оценка треба да се задаваат автентични задачи кои ја елеминираат можноста за готови одговори од наставните материјали, или од други извори на информација, а во задачите со кои се проверува познавањето и разбирањето на фактите треба да се обезбеди контрола на времето за решавање на задачите, се вели во соопштението.

Коронавирус