понеделник, 25. октомври 2021. Вести денес: 103
home Вести

Дебата „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“

Дебата „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“

Полио Плус – движење против хендикеп денеска организира јавна дебата на тема „Состојбите и предизвиците во остварувањето на правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп“.

Дебатата се организира во рамки на проектот „Маргина Обскура“ со поддршка од ЕУ и во соработка со Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост.

Целта на јавната дебата е отворање поширока дискусија за пристапот до правото на здравствена заштита на лицата со хендикеп согласно принципите и одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп. На дебатата се очекува да се споделат искуства по ова прашање, како и да се споделат добрите практики и научени лекции и можни насоки за надминување на предизвиците со цел создавање можности за уживање на правото на здравствена заштита.

Локални избори 2021