недела, 17. јануари 2021. Вести денес: 45
home Вести

Дебата „Погледни ги способностите – состојбите и предизвиците во вработувањето на лицата со хендикеп“

Дебата „Погледни ги способностите – состојбите и предизвиците во вработувањето на лицата со хендикеп“

Јавна дебата на тема „Погледни ги способностите – состојбите и предизвиците во вработувањето на лицата со хендикеп“ ќе се одржи денеска во организација на Полио Плус – движење против хендикеп, во рамки на проектот „Маргина Обскура“ кој се реализира со поддршка од ЕУ и во соработка со Националното Координативно тело за имплементација на Конвенцијата за правата на лицата со попреченост и Стопанската комора на Македонија.

Целта на дебатата е отворање поширока дискусија за пристапот до вработување на лицата со хендикеп согласно принципите и одредбите од Конвенцијата за правата на лицата со хендикеп.

На дебататa се очекува да се споделат искуства по ова прашање, како и да се споделат добрите практики и научените лекции и можните насоки за надминување на предизвиците со цел создавање на можности за уживање на правото на вработување.

Јавната дебата ќе се одржи во Стопанската комора на Македонија.

МИА

Коронавирус