сабота, 25. септември 2021. Вести денес: 28
home Вести

Дебарско езеро пресуши: Heмa вода во Дебарското езеро, ХЕ „Шпиље“ нe може да произведува струја, биодиверзитетот изyмиpa

Дебарско езеро пресуши: Heмa вода во Дебарското езеро, ХЕ „Шпиље“ нe може да произведува струја, биодиверзитетот изyмиpa

И вештачките акумулации во земјава пресушуваат и губат од својот воден потенцијал, а додека граѓаните алармираат, од Владата уво не ги боли – до сега барем, само дополнителниот тех.министер Цветан Трипуновски покажа загриженост

По алармантната состојба со Преспанското езеро, и вештачките акумулации во земјава ја губат водата.

Дебарско Езеро или Шпиље — вештачко езеро во западниот дел од Македонија, јужно од Дебар на местото каде што реката Радика се влева во реката Црн Дрим кај месноста Шпилски Мост. Се наоѓа во близина на македонско-албанската граница. Има површина од 13,2 км², 92 м длабочина и надморска височина од 580 м. Се користи како акумулација за ХЕ „Шпиље“.

Езерото е создадено со подигање на брана во висина од 102 м, која била градена во периодот од 1966 до 1968 година. Полнењето на акумулацијата завршило во 1969 година.

Дебарското Езеро е најбогатото езеро со вода од сите вештачки езера во Македонија. Вкупниот волумен на акумулацијата е 520 милиони м3, а корисниот волумен изнесува 223 милиони м3 вода.

Каде истекува водата, засега нема одговори иако постојат индиции дека се трошат на зголемување на потенцијалот на реката Црн Дрим, која потоа полни неколку приватни хидроцентрали на албанска страна.

Коронавирус