недела, 25. октомври 2020. Вести денес: 98
home Вести

Дебарските сточари го истураат млекото на улица, како револт против изолација: 1,5 тони нема каде да го однесеме

Дебарските сточари го истураат млекото на улица, како револт против изолација: 1,5 тони нема каде да го однесеме

Поради мерките на Владата со кои се забранува продажба на дебарските производи надвор од општината, претставници на сточарите на здружението „Даши“ протестираа пред Општина Дебар, при што во знак на револт го истурија млеко, бидејќи производството нема како да го продадат. Оваа состојба се случува како резултат на изолацијата на општина Дебар заради пандемски грип.

Протестот беше мирен, но претставниците на дебарските сточари изјавија дека штетата од непродажбата на млеко во млекарницата Трница е огромна. Тие велат дека имаат договор со оваа млекара да испорачуваат 1,5 тон млеко на ден. Со оглед на моменталната состојба, најголем дел од млеко се расипува и се истура.

Добро познатиот фармер од Дедар, Мурат Дачи изјави дека доколку не се земе во предвит нивното барање за пласман на млекото надвор од територијата на Дебар, сточарите ќе започнат со секојдневни масовни протести.

„Ако на Кнауф му се даде можност да работи и извезува, зошто нашето производство да остане без пласман“, вели Дачи. Во меѓувреме, повеќе од 20,000 јагниња, кои беа планирани за продажба во повеќе европски земји, остануваат во фармите во Дебар, при што сточарите велат дека им е предизвикана голема материјална штета.

Коронавирус