четврток, 17. јуни 2021. Вести денес: 131
home Вести

Дебакл на СДСМ, Уставниот суд ги потопи сите аргументи на Заев: Нема услови за повторно свикување на Собранието!

Дебакл на СДСМ, Уставниот суд ги потопи сите аргументи на Заев: Нема услови за повторно свикување на Собранието!

Нема никакви услови за повторно свикување на Собранието чиј досегашен состав се самораспушти на средината од февруари со закажување на предвремените парламентарни избори кои поради епидемијата од Covid-19 не се одржаа на 12-тиаприл, едногласно одлучија во средата деветте судии на Уставниот суд.

По час иполовина дискусија, уставните судии одлучиле дека станива збор за тема за која веќе е донесена одлука. Имено на 8-ми и на 15-ти април Уставниот суд расправаше по иницијатива против одлуката за распуштање на Собранието на 16-ти февруари и одлучи да не поведе постапка против неа, бидејќи таа е уставна и е во согласност со законите.

Предлогот беше на уставниот судија Осман Кадриу, по барањата на одредени функционери и правници да се состане Собранието, да ги потврди двете одлуки за вонредна состојба од претседателот Стево Пендаровски, а најмногу поради тоа што нема Собрание за да ја контролира техничката влада. На крајот и самиот предлагач Кадриу гласал да се отфрли неговиот предлог. Така, Собрание ќе биде свикано само во нов состав, по одржување на парламентарни избори.

Уставниот суд, исто така, нема да ја оценува уставноста на прогласувањето на првата вонредна состојба од 18–ти март, од страна на Пендаровски. Шестмина судии сметаат дека иницијативата е беспредметна, затоа што таа вонредна состојба е веќе завршена.

ЕУРО 2020

Македонија