вторник, 14. јули 2020. Вести денес: 119
home Вести

Дебакл е новото нормално за Филипче: Коронавирусот зема уште 4 жртви од Македонија!

Дебакл е новото нормално за Филипче: Коронавирусот зема уште 4 жртви од Македонија!

52 новозаболени од коронавирус и четири жртви во последното днеоноќие во Македонија. Двајца починати се од Скопје, еден е од Тетово и една жртва е од Велес.

На Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби починаа двајца пациенти, пациент од Скопје (73г), примен на клиниката на 21 мај и пациент од Велес (82г) хоспитализиран на 22 мај. Во ГОБ „8 септември“ почина пациентка од Скопје (76г) примена на 21 мај и пациентка од Тетово (55г) примена на 27 мај.

Двајца од заболените се во рамките на скринингот на градинките. Најголем број од новооткриените случаи повторно се во Скопје – 26, а поголем дел од нив се од општините газио Баба, Чаир, Сарај и Студеничани.

Во Тетово се откриени 9 нови случаи, 6 во Куманово, седуммина новозаболени има во Штип , двајца во Струга и по еден во Велес и Кочани.

Во моментов има 487 активни случаи на заболени од коронавирус во Македонија. Во последните 24 часа, направени се 661 тест а 124 се во рамките на скринингот. Тоа значи дека од 537 тестови според алгоритамот има 50 заболени или нешто под 10 отсто.