сабота, 4. јули 2020. Вести денес: 41
МЕГА БОМБА

Нова аудио бомба: Се гледам со Вице, дадоа зелено светло да му се зaпaли колата, Трајче Заев даде црвен картон да не работи ништо

home Вести

ДЕ-ИНС-ТИ-ТУ-ЦИ-О-НА-ЛИ-ЗА-ЦИ-ЈА!

ДЕ-ИНС-ТИ-ТУ-ЦИ-О-НА-ЛИ-ЗА-ЦИ-ЈА!

Збор тежок за пишување!

Уште потежок за изговарање!

Најтежок за спроведување!

Што значи деинституционализација?

Деинституционализацијата е процес на трансформација на институциите преку воспоставување на социјални услуги во заедниците. Преку пример појаснето, тоа би значело преселба на штитениците од Специјален Завод Демир Капија кој вклучува лица со интелектуална попреченост, во други форми во заедницата, како што се Мали Групни домови или станбени заедници за живеење со поддршка. Деинституционализацијата вклучува и други ранливи категории на граѓани, но засега би се задржале само на деинституционализацијата на лицата со интелектуална попреченост.

Република Македонија има обврска да го спроведува процесот на деинституционализација, бидејќи ги има потпишано и ратификувано значајните за него Конвенции на ОН, како и Европската конвенција за човековите права. Во последните 10 години во Македонија има донесено голем број Стратегии значајни и во поддршка на деинституционализацијата, но најзначајна за споменување е Националната Стратегија за деинституционализација 2008-2018.

И иако ПР машинеријата на поранешната министерка Царовска се обидува да прикаже дека овој процес започнал со нејзиното министерување во 2017 година, коректно е да се каже дека овој процес во Република Македонија започна кон крајот на 2007 година и во периодот од 2007 до 2017 година преселени се околу 70 корисници од Специјален Завод Демир Капија во станбени заедници за живеење со поддршка, сместени во Неготино и Скопје. И уште покоректно е да се каже дека овој процес воглавно го спроведе граѓанската организација ПОРАКА НЕГОТИНО, со помош и поддршка на државата.

За волја на вистината, од 2017 година до денес, од Специјален Завод Демир Капија преселени се само 13 деца со интелектуална попреченост и истите се сместени во Мали Групни домови, кои ги раководи самото Министерство за труд и социјална политика.

И да, очигледни се обидите да се претстави дека се’ што било претходно не постои и дека се’ во областа на социјалата започнало во 2017 година! Но, еднаш засекогаш мораме да сфатеме дека процесите, особено во социјалата, мораме сите заеднички да ги спроведуваме, не обидувајќи се при тоа да правиме ефтин Пи Ар од истите, на грбот на најранливите категории на граѓани во Република Македонија.

Затоа што,

Долг за пишување е зборот деинституционализација,

Долг за изговарање е зборот деинституционализација,

Но долг и за спроведување е процесот на деинституционализација.

Се’ уште не сме си ја завршиле работата.

Авторот е познат на редакцијата

Парламентарни избори 2020