среда, 23. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Давкова: Деновиве се изнаслушавме политички изјави за евентуалниот резултат од пописот, чуму тогаш ни е попис ако веќе се знае резултатот?

Давкова: Деновиве се изнаслушавме политички изјави за евентуалниот резултат од пописот, чуму тогаш ни е попис ако веќе се знае резултатот?

Пратеничката Гордана Силјановска Давкова во врска со тоа дали пописот е статистика или политика денеска од собранието вели дека како некој кој се занимава со политички систем и уставно право оценката зависи од политичкиот амбиент, а политиката во еден авторитарен систем што не е до денеска, туку се провлекува во претходните 30-тина години, се перцепира и се практикува како борба за моќ.

-Јас одговорно тврдам дека од оној првиот во 1991-та година попис, па до оној пропаднатиот во 2011 година во голем степен пописите беа политички, а не статистика. Второ не можеме да зборуваме за статистика, ако во самиот устав ние вградивме модел кој е познат како консоцијативен, значи не како асоцијација на граѓани индивидуи, туку како консоцијализација на сегменти или лидели на сегментите, вели Силјановска Давкова.

Таа додава дека целиот процес е политички.

Целата изјава погледнете ја во продолжение:

ЕУРО 2020

Македонија