вторник, 15. јуни 2021. Вести денес: 0
home Вести

Давитковски: Во државата фали отчетност- министерството за здравство требаше да објави колку пари планира да потроши за набавка за вакцини

Давитковски: Во државата фали отчетност- министерството за здравство требаше да објави колку пари планира да потроши за набавка за вакцини

Борче Давитковски, професор на Правен факултет „Јустинијан Први“ во своето гостување во 24 Анализа“ зборуваше за тоа каква е ситуацијата во државата и посочи дека е потребна отчетност на носителите на јавни функции.

Според него дека сега е период на пандемија министерството за здравство требало да даде отчетност колку пари министерството планира да даде за вакцини.

-Нас елементарно што ни фали, покрај транспарентноста, најбитно по мене е отчетноста која треба да се даде после година дена од работењето, да каже толку сме потрошиле, колку сме дале и слично. Никој носител на јавна функција во Македонија не дал отчет за својата работа. Може е згрешена нешто во работата, може идеално работел, отчетност треба да се даде. Еве пример министерот одговара тројно, тој одговара за одлуките кои ги носи во влада, тој одговара за состојбата во својот ресор и одговара за својата лична работа. Кај нас за овие три сегменти никој не одговара. Еве се купуваат вакцини, пандемија е може да дадат на некој страна отчет колку пари ќе се дадат или слично, рече Давитковски во своето гостување.

ЕУРО 2020

Македонија