вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 2
home Вести

Давитковски: Конкурсите за вработување се само да се покаже на странците дека имаме мерит систем, вработувања одат по партиска линија

Давитковски: Конкурсите за вработување се само да се покаже на странците дека имаме мерит систем, вработувања одат по партиска линија

Водителката на дебатната емисија на 1ТВ го запраша професор Борче Давитковски, близок до СДСМ, која е сега бројката на администрацијата, односно дали е 130.000.

Тој одговори дека бројката на администрацијата само се зголемува, зголемува и продолжува да се зголемува. И дека според него бројката приближно е околу 150-60.000 со се договорци и недоговорци, и без јавните претпријатија.

-Сега го гледам последниот предлог закон за јавни набавки каде што Комисијата второстепена која што треба да одлучува, каде што по правило се второстепена комисија одлучува и дава решенија. Значи правници треба да бидат. Они таму го сменија сега и вика „да има високо образование“, а само за Претседателот се бара Правен факултет. Едноставно очигледно партиските штабови определуваат кои ќе бидат членови бидејќи однапред кај нас се се знае, коментира Давитковски.

Давитковски појасни дека конкурс за вработување сега е само да се покаже на странците дека ние имаме мерит систем.

-Дојдовме во ситуација како држава да немаме директор на Пазарен инспекторат бидејќи ДУИ не дал предлог, а се пријавиле други 20-тина луѓе. И не се бира бидејќи едноставно тоа место е определено само за таа политичка партија. А, дали тој исполнува или не исполнува услови тоа е најмалку битно. Ние сме како африканска влада, ќе ти дојде министер за спорт, министер за млади, министер за ова за она. Нормалните ресори што се имаме околу 13-14 тие се и Премиерот и тоа е. Секаде во сите развиени земји има министер за финансии, има министерот за надворешни работи и претседател на влада. А, ова кај нас 3-4 потпретседатели, ова за потпретседател она за потпретседател, па министри без ресор, па за она покрива, за ова покрива. Од чистачка до министер се празни цела влада и се носат нови луѓе во влада. Во сегашниот состав на владата има луѓе на список на кои не може да им се изговори името, немаат седиште, телефон, а примаат плата. Тие не можат да ги пронајдат, да ги лоцираат каде се тие, нагласи Давитковски.

 

Коронавирус