недела, 7. јуни 2020. Вести денес: 1
Актуелна тема

Од минута во минута за ситуацијата со коронавирусот во Македонија и светот

home Вести

Давидовиќ тврди: Обвинителството има цврсти докази против Филипче и Дончев

Давидовиќ тврди: Обвинителството има цврсти докази против Филипче и Дончев

На денешната прес конференција, адвокатот Звонко Давидовиќ кој е правен застапник на Вера Стојчева, истакна дека вчера поднеле кривични пријави против министерот за здравство Венко Филипче и директорот на фондот за здравство Ден Дончев.

Давидовиќ вели дека тие како правен тим вчера доставиле дел од доказите со кои тие располагаат до основното јавно обвинителство, а останатите докази ќе ги дадат кога ќе побара обвинителството. Во доказите е доставена комуникацијата на министерот Филипче со директорот на шведската фирма, Диаверум.

Во пријавата се тврди дека тие здружено презеле дејствија со кои ја оштетиле и неа, но и буџетот на Македонија, во обид да стопираат влез на странска инвестиција во Македонија вредна 11,5 милиони евра.

Коронавирус