понеделник, 30. ноември 2020. Вести денес: 94
home Вести

Давидовиќ: Преку Кацарска судството се гледа дека нема владеење на правото во Македонија

Давидовиќ: Преку Кацарска судството се гледа дека нема владеење на правото во Македонија

Судијката Добрила Кацарска го судеше предметот за 27 април. И сега не е само што се случило со овој предмет зошто таа го судела. Тоа покажува каква е судбината на нашата држава и правосудниот систем. Сега се сака само со козметички решенија и дневно-политичко пазарење наводно да се смени нешто да се направат промени. Но, тоа нема врска, потребни се промени и тоа длабински, рече адвокатот Звонко Давидовиќ на гостувањето на Алфа телевизија.

Според него не можеме да зборуваме за правна држава кога има вакви случувања во државава, ова е се само не е право.

-Само што дојде една нова власт која наводно велеше дека ќе прави рефоерми, ќе има правда. Таа власт наместо тоа го прави ова само ја влоши целата ситуација во правоисудството, рече адвокатот.

Давидовиќ укажа и на селективна правда или како што рече селективна примена на законите.

-Имаме селективна примена на Законот за аместија, и некои отидоа дома за да се промени Уставот и да се смени името, односно беа одлободени за да гласаат во собранието за ова. Како овде да зборуваме за објективност и законитост. Наместо да се покаже дека Собранието е највисока институција, се почитува правото, има правда, се покажа спротивното, рече Давидовиќ.

Тој укажа „не може некој да оди на слобода и да добие тендери, а некој да оди во затвор“.

Сето тоа дополнително е зачинето со немање на одговор за вакви случаи, нема одговорност кај никого.

Коронавирус