четврток, 29. октомври 2020. Вести денес: 168
home Вести

Давидовиќ: Дончев и Кичеец вршеле притисок за да добијат удел и дел од продажната цена на Диаверум

Давидовиќ: Дончев и Кичеец вршеле притисок за да добијат удел и дел од продажната цена на Диаверум

Адвокатот Ѕвонко Давидовиќ во интервју за Алфа Телевизија, изјави дека Ден Дончев и Зоран Милески Кичеец ги уценувале поранешните сопственици на Диаверум за да добијат удел во фирмата, а кога не успеале во тоа продолжиле со уцените за да добијат дел од парите од продажбата.

Моите овластодавци, бившиот сопственик на Диаверум и нејзиниот сопруг кои дадоа изјави и кои се доставени до обвинителството тврдат дека во изминатиов период додека траеле преговорите за продажбата, второ пријавениот за кого е проширена истрагата, Кичеец, заедно со Ден Дончев вршеле притисок на нив за да ја сменат сопственичката структура и да добијат удел во Дијаверум, кога не успеале во тоа и кога виделе дека се вршат и понатаму преговори за продажба побарале да добијат дел од продажната цена, истакна Давидовиќ.

Тој за оправдувањата на Дончев дека предупредувал, вели дека прво тоа не е негова надлежност, а потоа врши кривично дело затоа што изнесува лажни факти и делови од истрага која во тој момент не постоела и затоа се сомнева дека Дончев имал други намери бидејќи тендерот се уште е функционален и фондот врз основа на тој тендер врши исплата.

Ако не го оспорите тендерот и тој тендер до ден денешен не е оспорен, и тој тендер функционира тогаш имате друга намера и некаква друга цел. Да не заборавиме, две ревизорски куќи и две адвокатски друштва учествуваа во испитување на друштвото Дијаверум на фирмата којашто и дале позитивен сигнал на странскиот партнер за да ја купи . Ниту еден странец без добро да ја испита положбата на правното лице нема да даде пари, нагласи Давидовиќ.

Коронавирус