сабота, 5. декември 2020. Вести денес: 48
Во живо

Протест – „Или Заев или Македонија, оставка сега за да не биде предоцна“

home Вести

Даути за „ТНТ“: Цела држава ќе се убеди во исправноста за рушењето на „Космос“!

„Сметам дека ова обвинение е добиено на готово од некаде, а немале намера ниту да го прочитаат”, посочи Даути. Мојот клиент ќе докаже дека сите нејзини одлуки се во согласност со законот, Уставот и добрите обичаи. Во обвинението читаме се и сешто”, рече адвокатот на обвинетата Елисавета Најдовска.
Даути за „ТНТ“: Цела држава ќе се убеди во исправноста за рушењето на „Космос“!

Адвокатот Мерџан Даути посочи дека се гордее што е бранител во „ТНТ“ и додаде дека треба да се учи од обвинетата службеничка, Елисавета Најдовска. Вели дека цела држава ќе се убеди во исправноста на одлуката на Најдовска кога во прашање е рушењето на објектот „Космос”.

„Се гордеам што сум во овој предмет. Ние треба да учиме од неа. Сите се фалиме дека сме големи правници од кривична област, но никој не го разбира градежништвото. Ние се занимаваме со ова, но не разбираме. А јас, како бранител во овој случај иако сите ме критикуваат дека скм побарал одлагања на рочишта, многу ќе бидам среќен побрзо да дојде денот, мојот клиент да го даде својот завршен збор и поскаувам тоа да биде утре. Тогаш цела држава ќе се убедиме дека како граѓани не ги сакаме професоналците”, рече Даути.

Очекувано и карактеристично за него, судијата Ставрев реагираше на говорот кој го имаше адвокатот Даути и побара да заврши за пет минути, на што тој се побуни.

„Не можам да излезам со моето семејство во град, сите ми викаат ‘мердита’. Од сите изјави во медиумите, најсреќен ќе бидам кога ќе давам изјава пред медиумите за мојот клиент, која има донесено одлука со која цела држава треба да се рамни со неа. Мојот клиент ќе докаже дека сите нејзини одлуки се во согласност со законот, Уставот и добрите обичаи. Во обвинението читаме се и сешто”, рече Даути.

Во свој стил судијата Ставрев му укажа на Даути дека тој не дава воведен говор, односно не кажува стратегија на одбрана, туку зборува за тоа што сакал да изјавува во медиумите. На ова Даути реплицираше: „На прва точка сум, има време”.

„Сметам дека ова обвинение е добиено на готово од некаде, а немале намера ниту да го прочитаат”, посочи Даути.

Коронавирус