вторник, 1. декември 2020. Вести денес: 199
home Вести

Даути: Последен апел за прекин на самоволието на Кривичниот суд и носење на итни одлуки со цел владеење на правото!

Даути: Последен апел за прекин на самоволието на Кривичниот суд и носење на итни одлуки со цел владеење на правото!

Адвокатот Мерџан Даути до јавноста денеска испрати последен апел за прекин на самоволието на Кривичниот суд и носење на итни одлуки со цел владеење на правото.

Целиот интегрален апел ви го пренесуваме во целост во продолжение:

-Овој апел го испраќам до единствената институција која во моментов може да придонеси текот на судењето во случајот ТНТ биде согласно закон.

Почитувани членови на Судски совет,

Во текот на утрешниот ден охрабрете се, не потклекнувајте на никави притисоци, закани, уцени или ветувања. Донесете законита одлука во интерес на владеењето на правото. Молкот е најлоша опција. Премолчувањето на незаконските постапки и вас директно ве прави сооучесници во истите.  Донесете било каква Одлука но не молчете! Не секогаш молчењето е злато, во овој случај молчењето е одобрување на незаконско работење.

Вие сте орган кој е формиран да обезбеди функционирање на судовите согласно Закон и Устав. Дали сеуште ќе молчите за:

– Различниот  начин на постапување на Кривичниот суд во врска со поротничките во случајот ,,Ласкарци,, и ТНТ

– Непочитување на законот на ЗКП пред се поради недавање на записници од судски рочишта и назначување на адвокати по службена должност

– Дејствијата на Претседателот на Кривичниот суд со кои експлицитно се прават Кривични дела

– Не дозволување на користење на албанскиот Закон согласно Устав и закон

Почитуван Претседател на судски совет една порака и до Вас

,,Не им верувајте на Данајците и кога дарови носат“ бидејќи незаконски избор неможе да предизвика владеење на право и да ги потврди вашите етички вредности. На 28.01 нема да Ви креваат телефон и ќе Ви кажат тоа што Ви ветиле поради новонастанатата ситуација и моменталната ситуација нивното ветување неможе да го исполнат, стои во неговиот апел испратен до медиумите.

Коронавирус